Murat Ünlü
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
ПАРИЗ (АА) – Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Марк Еро изјави дека претставниците на државите што ја поддржуваат умерената опозиција во Сирија, на почетокот на декември ќе се сретнат во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот на Советот на министри, Еро даде изјава во која рече дека меѓународната заедница не смее да остане публика на случувањата во Сирија, особено во Алепо.
„Итно треба да реагираме“, рече Еро и посочи на интензивното напаѓање на регионите што се во раце на опозицијата во Сирија, од страна на режимот на Асад и неговите поддржувачи, поради политичката неизвесност што ја предизвика смената на претседателот во САД.
„Денес во Сирија, еден милион лица се под опсада. И тоа не само во Алепо, туку и во Хомс, Гута и во Идлиб“, истакна Еро.
На состанокот закажан во Париз, покрај Франција, ќе учествуваат САД, Германија, Италија, Обединетото Кралство, Турција, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Јордан. Еро изјави дека на овој состанок ги поканил поддржувачите на демократска Сирија.
Во последниот период, поради нападите и бомбардирањата од страна на режимот на Сирија и неговите поддржувачи, во Алепо секојдневно гинат десетици луѓе, а поради ваквите судири, невозможно е да се достави хуманитарна помош.