Seda Sevencan
20 Ноември 2025•Ажурирај: 21 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција наредната година ќе биде домаќин на самитот за климата КОП31 во медитеранскиот туристички град Анталија, откако австралискиот премиер Ентони Албаниз објави повлекување на кандидатурата на Канбера, јавува Анадолу.
„Она што е договорено е дека (министерот за климатски промени) Крис Бовен, Австралија, ќе биде претседател на КОП за преговори. Конференцијата и претседателството на КОП ќе се одржат во Турција, а ќе има и состанок пред КОП, особено фокусиран на финансирањето за климатски промени во Пацификот, Фондот за отпорност на Пацификот, во пресрет на КОП наредната година, што ќе се одржи во Пацификот“, изјави Албаниз за австралискиот јавен сервис „АБЦ Радио Перт“.
Тој го нарече договорот „голема победа и за Австралија и за Турција“.
„Правилата на климатските конференции се дека тие мора да се одржуваат со консензус“, рече тој.
„Доколку не беше консензус, тогаш ќе беше во Бон, Германија.“