Zülfiya Yakup
16 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
ПРИШТИНА (АА) - „Во Косово, во првите пет месеци од оваа година, на работното место смртно настрадаа деветмина работници, воглавно на градилиштата“, беше соопштено на националната конференција „Нов законодавен пакет од областа безбедност и здравје при работа – предизвици на имплементацијата“ , јавува Anadolu Agency (AA).
На денешната конференција со којашто се затвора кампањата за безбедност и здравје при работата, организирана од страна на Министерството за труд и социјална грижа, во соработка со проектот за техничка поддршка, „Хармонизација на законодавството на Косово со законодавството на ЕУ во областа на работните услови, со поддршка на Канцеларијата на ЕУ во Косово“.
Басри Ибрахими од Инспекторатот за труд изнесе податок дека во првите пет месеци од оваа година смртно настрадале деветмина работници на работното место. Тој истакна дека тоа е многу голем број, имајќи предвид дека во Косово нема развиена индустрија, и нагласи дека сигурноста и здравјето при работа се далеку од посакуваното и од она што го предвидува законот.
„За пет месеци имаме девет смртни случаи на работното место. Минатата година имавме девет случаи, пред тоа 17 смртни случаи на работното место годишно, што е исклучително многу, и ние како Инспекторат на труд правиме сѐ што можеме за да се намали тој голем број на несреќи на работното место, но за жал не успеваме“, изјави Ибрахими.
Претставничката на ЕУ, Силвиа Подер, изјави дека е јасно оти Косово ќе биде членка на ЕУ и дека затоа мора да ги применува истите стандарди и усови на работното место како и други членки на ЕУ.
„Тоа треба да се заврши пред Косово да стане членка. Косово го потпиша Договорот за стабилизација и придружување во ЕУ и прашањата за труд и социјален дијалог се многу важни во приближувањето на вашите стандарди со оние на ЕУ“, изјави Подер.
На конференцијата е кажано дека главни задачи на проектот за техничка поддршка се „Хармонизација на законодавството на Косово со законодавството на ЕУ во областа на работните услови“, да се усогласи со 38. директива на ЕУ од областа на услови на работењето со косовското законодавство, да се зголемат капацитетите на персоналот на Министерството за труд и на другите актери преку обуки и студиски посети, да се организираат кампањи за подигање на свеста на работодавците и на вработените за законодавството што е на сила, како и организирање јавни кампањи за подигање на свеста за безбедноста и здравјето при работата.