Турција

„Сакаме да ги унапредиме билатералните односи со ЕУ, но тоа не може да биде еднострано

„Безбедноста на БиХ и мирот се важни за нас и Хрватска“, изјави Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Турција на прес-кофнеренцијата со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман

Tuğrul Çam  | 11.12.2019 - Обновена : 12.12.2019
„Сакаме да ги унапредиме билатералните односи со ЕУ, но тоа не може да биде еднострано

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека безбедноста на Босна и Херцеговина е важна како за неговата земја, така и за Хрватска, јавува Агенција Анадолија (AA).

Чавушоглу во Анкара се состана со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, по што е одржана прес-конференција.

Турскиот министер изјави дека со хрватскиот колега одржал многу продуктивен состанок и најави дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе ја посети Хрватска, која наредната година ќе ја посети и министерот.

„Сакаме да ги унапредиме билатералните односи со ЕУ, но тоа не може да биде еднострано“, изјави Чавушоглу, кој рече дека меѓу страните постојат прашања како што се ревидирање на Договорот за Царинската унија, миграциите, борбата против тероризмот и слично на тоа.

Тој додаде дека постојат одредени работи кога станува збор за миграциите, кои ЕУ не ги исполнила кон Турција, а би требало тоа да го стори.

Тој потсети дека Турција во 2020 година ќе го преземе претседавањето со Процесот на соработка во Југоисточна Европа и додаде дека Хрватска и Турција придаваат голема важност на стабилноста и безбедноста на Југоисточна Европа и Балканот.

Чавушоглу изјави дека повторно сакаат да го активираат трилатералниот механизам по изборите во Хрватска и формирањето на власта во БиХ.

„Безбедноста на БиХ и мирот се важни за нас и Хрватска“, изјави Чавушоглу.

Тој се осврна и на обемот на трговската размена со Хрватска, истакнувајќи дека тој од 610 милиони долари, би можел да биде зголемен на милијарда.

Додаде дека бројот на турските туристи во Хрватска е намален од 200.000 на 35.000, и дека причината за тоа е воведувањето на визи откако Хрватска стана членка на ЕУ.

Чавушоглу смета дека Хрватска би можела да пронајде практично решение како што тоа го сторила и Грција.

Со хрватскиот колега е разговарано и за случувањата во Источниот Медитеран.

„Хрватска, која е членка на ЕУ, кога станува збор за прашањето за Источниот Медитеран ќе се обиде да ја штити позицијата на ЕУ, но ние веруваме дека Хрватска ќе биде објективна и искрена“, изјави Чавушоглу.

Чавушоглу зборуваше и за односите со ЕУ и објасни дека тие сакаат поздрав однос меѓу Турција и ЕУ.

„Не дека во минатото немало одредени потешкотии“, изјави Чавушоглу кој укажа на значењето на соработката на високо ниво.

Тој додаде дека денешната посета на хрватскиот министер е дел од дијалогот со ЕУ.

„Ние го поддржуваме дијалогот, соработката и дипломатијата. Предизвиците со кои денес се соочува ЕУ не се проблеми кои Европската Унија, Европскиот совет или другите регионални организации можат сами да ги решат“, изјави Чавушоглу.

Тој зборуваше и за Договорот за безбедноста и соработката потпишан со Либија и додаде дека тој опфаќа праќање на борбени сили.

„Во овој период немаше такво барање и не планираме праќање на копнени борбени единици. Но, нашиот претседател претходно изјави дека би можеле тоа да го разгледаме доколку добиеме такво барање“, изјави Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın