Турција

Турција: Анталија оваа година очекува поголем број туристи од ланските 3,5 милиони

- Анталија, градот кој се опишува како „главен град на туризмот“, минатата година беше домаќин на 3,5 милиони туристи од 175 земји во светот

Hatice Özdemir Tosun  | 22.01.2021 - Обновена : 24.01.2021
Турција: Анталија оваа година очекува поголем број туристи од ланските 3,5 милиони

АНТАЛИЈА

- Хатиџе ОЗДЕМИР ТОСУН


Во Анталија, градот кој се опишува како „главен град на туризмот“, претставниците на туристичкиот сектор имаат за цел оваа година да бидат домаќини на поголем број туристи во споредба со минатата година.

Анталија, која е една од најважните туристички дестинации во светот, надмина многу светски познати туристички центри според бројот на туристи на кои им беше домаќин во време на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19). Минатата година овој град го посетија 3,5 милиони туристи од 175 земји, а тој е подготвен и за сезоната 2021 година.

Претставниците на туристичкиот сектор истакнуваат дека благодарение на студиите за забрзување на вакцинацијата и зголемувањето на активностите на Програмата за сертифицирање на безбедносен туризам низ светот, имаат надеж дека туристите што ќе го посетат градот, задоволни ќе си заминат.


- „Очекуваме динамиката на туризмот да продолжи со раст“

Претседателот на Управниот одбор на Здружението на медитерански туристички хотелиери и оператори, Еркан Јагџи, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека патничката и туристичката индустрија е еден од најпогодените сектори погодени од епидемијата.

Нагласувајќи дека во период кога патувањата низ светот целосно престанаа, а туризмот во Анталија кон крајот на јуни стана активен благодарение на Програмата за сертификатите за безбеден туризам, Јагџи ја истакна важноста од можноста за реализирање туризам во време на епидемија и осигурување безбеден туризам.

Објаснувајќи дека се докажа дека во светот е можен туризам во безбедна средина благодарение на Програмата за сертификат за безбеден туризам, Јагџи истакна дека секој што сака да го отвори својот објект за туристите, мора да ги исполни зададените критериуми на програмата, за да го добие сертификатот.

Зборувајќи дека секторот има стекнато значително искуство, како од претходните години, така и од минатата година, Јагџи истакна: „Како сектор, подготвени сме за новата сезона. Во согласност со мерките што ги презедовме во периодот на епидемијата и ќе ги продолжиме и оваа година, очекуваме туризмот и оваа година да продолжи со раст. Исто така, исклучително се важни студиите за вакцинација и епидемијата да се стави под контрола. Преземајќи највисоки можни превентивни мерки, ќе продолжиме да ги пречекуваме туристите.“


- „Очекуваме подобра година од 2020 година“

Илкај Атмаџа, претседател на Здружението на професионални хотелски менаџери, изјави дека туристичкиот сектор чека епидемијата што е можно поскоро да се земе под контрола, да завршат периодите на карантин и луѓето да имаат слобода да патуваат.

Нагласувајќи дека секторот се движи брзо и ги презема потребните мерки на претпазливост, Атмаџа рече:

„Очекуваме подобра година од 2020 година. Тоа е нашата желба. Фокусирани сме на нашите главни пазари. Иако е зима, сепак, туристите од Русија продолжуваат да доаѓаат во нашата земја. Откако ќе започне слободата на патување, очекуваме брз почеток, особено од Русија и Европа. Почетокот на вакцинацијата во Турција позитивно се рефлектира. Доколку процесот на вакцинација напредува малку побрзо, по март очекуваме „побрзо движење на туризмот“. Веќе една година се справуваме со епидемијата, на луѓето им недостигаат одморот, песокта, сонцето, морето, географијата и историјата на оваа земја. Со забрзување на вакцината, очекуваме брзо враќање на туристите.“

Наведувајќи дека раните резервации се во добра состојба во споредба со периодот на епидемијата, Атмаџа изјави дека се применуваат попусти до 40-50 проценти, особено на домашниот пазар и дека локалните гости ќе сакаат да имаат корист од таа практика.


- Преземените мерки беа пречекани со аплауз

Атмаџа истакна дека Програмата за сертификати за безбеден туризам, која започна да се спроведува кон средината на минатата година, покажала неверојатна реакција.

Зборувајќи дека туристите што дошле имале здрав и продуктивен одмор, Атмаџа продолжи со зборовите:

„Минатата година наидовме на приближно нула случаи на коронавирус во нашите хотели. Една од предностите од доаѓањето на толку голема бројка туристи е Сертификатот за безбеден туризам. Туристичкиот сектор за кратко време се приспособи на ова и брзо го спроведе во практика. Преземените мерки им се допаднаа и на локалните и на странските туристи. Спроведувајќи безбеден, пријатен и здрав одмор, тие си заминаа среќни. Придобивката од тоа, многу повеќе ќе ја видиме оваа година, што позитивно ќе влијае на сезоната. Имавме многу гости кои спроведените мерки ги сметаат за важни и ни аплаудираа. Тоа го споделија и во земјите во кои се вратија.“

Истакнувајќи дека сертификацијата стана неопходност во овој период, Атмаџа додаде дека сите објекти што поседуваат над 30 соби можат да даваат услуги, доколку го добијат потребниот сертификат.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın