Göksel Yıldırım
28 Октомври 2021•Ажурирај: 29 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турската технолошка компанија „Анова“ разви домашен AЦ/ДЦ-конвертор за оружени системи за хеликоптери, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во моментов постојат проблеми со снабдувањето на овoj производ на глобално ниво“, изјави за АА, Ибрахим Алтунсој, менаџер за електронски дизајн во компанијата.
Истакнувајќи дека 500-ватните конвертори се користат за оружените системи кај хеликоптерите, Алтунсој рече дека сега тие не можат да се набават.
Нагласи дека без единица за напојување која управува со вооружениот систем на хеликоптерот, платформата или ќе лета невооружена или ќе мора да се развие ново решение.
„Го произведовме овој производ за кратко време со нашето стекнато искуство“, додаде тој.
Алтунсој рече дека компанијата прва во светот произвела модуларен AЦ/ДЦ-конвертор од 2.500 вати.
Нагласи дека 500-ватните конвертори треба да бидат испорачани оваа година.
„Времето за испорака на странските нарачки на AЦ/ДЦ-конверторите трае 30 - 40 недели, додека испораките на домашните нарачките [во Турција] траат само 4 - 6 недели“, рече Алтунсој.
Тој истакна дека овие конвертори ќе се користат и во бродовите, подморниците и железничките возила на електричен погон.