наука и технологија

Откриена потенцијална планета надвор од галаксијата Млечен Пат

Постои можност астрономите да откриле потенцијална планета, со рендгенскиот телескоп „Чандра“ на НАСА во спиралната галаксија Месие 51 (М51), позната и како галаксија Вител

Şeyma Uzundere  | 26.10.2021 - Обновена : 28.10.2021
Откриена потенцијална планета надвор од галаксијата Млечен Пат

АНКАРА (АА) – Астрономите велат дека можеби откриле потенцијална планета надвор од галаксијата Млечен Пат, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Еј-би-си њуз“, постои можност астрономите да откриле потенцијална планета, со рендгенскиот телескоп „Чандра“ на НАСА во спиралната галаксија Месие 51 (М51), позната и како галаксија Вител.

Истражувањето беше објавено во весникот „Nature Astronomy“.

Планетата, позната како M51-ULS-1b, според астрономите, се верува дека е оддалечена околу 28 милиони светлосни години од Млечниот Пат и е со големина на Сатурн.

Планетата би можела да орбитира околу неутронска ѕвезда или црна дупка на растојание речиси двојно колку што има од Сатурн до Сонцето.

Истражувачите истакнаа дека на планетата ѝ се потребни околу 70 години за да премине пред нејзините бинарни партнери (орбитира околу нејзините сонца) и веројатноста за набљудување на оваа планета од Земјата е многу мала.

„Нешто се случува, и тоа би можело да биде планета, но ќе треба да имаме неверојатна среќа да ја снимиме токму во вистинското време“, рече Џонти Хорнер, астроном и астробиолог од Универзитетот во Јужен Квинсленд.

„Ако земете да набљудувате милион пати по случаен избор во текот на тие 70 години, само четири пати ќе може да забележите како ова нешто транзитира“, додаде Хорнер.

Истражувачите рекоа дека се потребни повеќе податоци за да се потврди постоењето на оваа планета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın