Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
АНКАРА
Астрономите открија две џиновски радиогалаксии, што се 62 пати поголеми од Млечниот Пат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Форбс“, деталите за откритието извршено со радиотелескопот „МеерКАТ“ во Јужноафриканската Република се објавени во списанието „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.
Д-р Жасинта Делаисе, професорка од Универзитетот „Кејптаун“, која е дел од тимот што го изврши ова откритие, истакна дека овие две џиновски радиогалаксии се 62 пати поголеми од Млечниот Пат, и дека растојанието од едниот до другиот крај на галаксиите изнесува 6,5 милиони светлосни години.
Делаисе нагласи дека во универзумот се откриени стотици илјади радиогалаксии, но дека откриено е оти досега само 831 од нив биле 22 пати поголеми од Млечниот Пат.
Овие радиогалаксии се именувани како „MGTC J095959.63+024608.6“ и „MGTC J100016.84+015133.0“, и тие ќе овозможат да се откријат важните знаци за тоа како галаксиите биле променети во текот на космичката историја.
Овие системи се наречени радиогалаксии затоа што емитуваат огромни радиозраци и се наоѓаат во групата на активни галаксии.