Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
АНКАРА
Астрономите тврдат дека Месечината е 85 милиони години помлада откако што претходно се мислело, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата „Space.com“ наведува дека податоците од трудот на научниците од германскиот вселенски центар се објавени во списанието „Science Advances“.
Користејќи ги математичките модели за сметање на староста на Месечината, тимот откри дека Земјиниот сателит, настанал пред 4.425 милијарди години и е 85 милиони години помлада отколку што претходно се мислело.
Научниците претпоставуваат дека Месечината настанала пред 4.510 милијарди години од космички остатоци на планета со големина на Марс која ја погодила Земјата.