Umur Koçak Semiz
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
САН ФРАНЦИСКО ( АА ) – Астрономите открија дека дошло до промена на половите на Месечината, која предизвикала вулканска експлозија од пред три милијарди години, пренесе Anadolu Agency (AA).
Астрономите ги испитувале податоците собрани од вселенскиот брод “ Lunar Prospector “, кој во 1998 година бил лансиран од страна на Американската вселенска агенција ( НАСА ).
Утврдено е дека во близина на половите на Месечината се наоѓаат две подрачја богати со хидроген. Наводно се работи за смрзнати маси на вода, па според наведувањата на астрономите дошло до поместување на овие маси. Се претпоставува дека до промените дошло пред три милијарди години, кога на ова место дошло до вулканска експлозија.
Исто така, астрономите велат дека експлозијата предизвикала поместување на северниот и јужниот пол, односно поместување на Месечевата оска за шест степени ( 201 километар ).
Доколку и на Земјата дојде до слични проблеми, астрономите смеетат дека би дошло до поместување на Гренланд. Истражувањето на НАСА е објавено во магазинот “ Nature”.