Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Една студија која ја истражуваше врската на Земјата со Месечината и со другите планети, покажа дека пред 1,4 милијарди години еден ден на Земјата траел 18,7 часа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во истражувањето направено од страна на научници од Универзитетот „Висконсин“ и од светската опсерваторија „Lamont-Doherty“ при Универзитетот „Колумбија“, користен е еден статистички метод, со кој се поврзува астрономската теорија со геолошки евиденции, со цел да се фрли светлина на минатото на планетата Земја, за повторно да се изгради историјата на Сончевиот систем, и да се разберат климатските промени во предисторискиот период.
Според ова истражување, чии резултати се објавени во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“, растојанието помеѓу Земјата и Месечината пред 1,4 милијарди години било поблиско од денешното растојание, односно било околу 341.000 километри.
Со оваа студија е откриено дека ова блиско растојание меѓу Земјата и Месечината влијаело врз ротацијата на планетата околу својата оска, затоа во тој период и ротацијата на Земјата околу својата оска завршила за 18,7 часа.
Професорот Стивен Маерс од тимот на истражувачи, рече дека, како што се оддалечува Месечината, Земјата е како уметнички лизгач кој се забавува додека ги испружува своите раце. Тој додаде дека ги истражувале и долгорочните променливи како што е климата која влијае врз ротацијата и орбитата на Земјата.
Познато е дека Месечината од Земјата секоја година се оддачлечува за 3,82 сантиметри, и дека моменталното растојание меѓу Земјата и Месечината изнесува 385.000 километри.
Се соопштува дека за оваа студија фондот го обезбедила Националната научна фондација на САД.