Zehra Ulucak
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Едно од три лица во светот страда од несоница, а причина за тоа се и економските загуби, јавува Anadolu Agency (AA).
Резултатите од студијата кои можат да се прочитаат и во весникот „SLEEP“ коj го објавува „Oxford University Press“ покажуваат дека сè повеќе возрасни лица се жалат на недоволна количина на сон.
Истражувањето покажува дека е зголемен бројот на луѓето кои се жалат на недоволна количина сон, а кој во претходните студии во западните земји беше меѓу 20 и 30 отсто.
Меѓу 33 и 45 отсто од возрасните Австралијци се жалат на недоволна количина сон. Следуваат Американците со 35 отсто и Канаѓаните со 30 отсто.
Бројот на луѓето кои немаат доволна количина сон во Велика Британија изнесува 37 отсто, во Сингапур 28, а во Франција 26 отсто.
„Недоволната количина сон може да предизвика и економски последици“, се наведува во студијата, а научниците анализираа и анкети во земјите и базите на податоци.
Во истражувањето се наведува дека недостатокот на сон е поврзан со проблемите на концентрација, збунетост, нервоза, процесуирање погрешни информации, пад на мотивација, проблеми во комуницирање, но и го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар, зголемен крвен притисок, дебелина, дијабетес и депресија.