Ömer Erim Baştımar
08 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
БУРСА (АА) - Докторот од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Улудаг” во Бурса, во северозападна Турција, Ченгиз Aкаја, предупреди дека децата од родителите учат да лажат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кога нашиот татко или мајка изговорат дури и најмала лага, ние се навикнуваме на лажење, без да забележиме. Најмалата лага е доволна во мозокот на детето да се формира нешто познато како „лага”, рече Акаја, додавајќи дека семејството како и поблиската околина влијае на однесувањето на поединецот.”
Aкаја додаде дека децата го следат движењето и однесувањето на нивните родители, тие им се пример, па на тој начин тие формираат свои личност. Тој истакна дека во мозокот не постои ништо што би ја поттикнало лагата и дека нема центар за лажење.
Aкаја изјави дека големината на лагата се менува во зависност од ситуацијата во која лицето се наоѓа.
„Едно лице кое може да има емпатија кон потребите на другите луѓе, како што има кон своите, има формирана личност, или не сака да лаже или лагите се такви што не можат да им наштетат многу на другите. Но ако лицето е себично и мисли само на себе и неговите лаги се многу штетни”, изјави Aкаја.