Cihan Demirci
08 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ЕДРЕНЕ (АА) - Г-ѓа Маја Иванова, сопругата на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, која што допатува во Турција, на граничниот премин Ипсала доби подарок ориз од Ипсала, врста на ориз по што е позната оваа област, на меѓународниот ден на жената, јавува Anadolu Agency (AA).
Г-ѓа Маја Иванова, која во Турција допатува во посета на својот син, кој студира во Истанбул, беше примена од страна на заменикот на шефот на локалната област Хасан Сазкаја, градоначалникот на Ипсала, Мехмет Керман и царински службеници од Ипсала.
Сазкаја и Керман ѝ го честитаа празникот на г-ѓа Иванова во ВИП салонот на граничниот премин и во таа пригода и подарија едно пакување од оризот од Ипсала, на кое што беше напишано нејзиното име.
Иванова се поздрави со членовите на протоколот и го продолжи своето патување кон Истанбул.
Областа на градот Ипсала е позната по пространите полиња со ориз кој што претставува посебна гордост на населението од овој крај. Тој се одликува со посебен вкус и арома.