Hanife Erdinç
08 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Екипите на крајбрежната стража на Турција, во северозападниот дел од земјата, спасија 43 имигранти при обид нелегално да стигнат до грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, групата мигранти се обидела со гумен чамец да премине на грчкиот остров.
По некое време, моторот на чамецот со мигранти, меѓу кои и жени и деца по потекло од Авганистан, Сирија и Бурма, се расипал.
Повик за помош испратил еден од мигрантите. Екипите набрзо пристигнале, а со нивна помош мигрантите се префрлени во локалниот Центар за странци.