Soner Kılınç
08 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ШИРНАК (АА) - Во рамките на антитерористичката акција која се одвива во Идил, на југоистокот на Турција, од 18-ти февруари до денес убиени се 95 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Акцијата ја започнаа припадниците на Вооружените сили на Турција и припадниците на другите безбедносни сили. Во текот на акцијата поголемиот број терористи се убиени и приведени, а уништени се и поставените барикади, како и деактивирани експлозивни направи поставени од терористите.
Меѓу убиените терористи се наоѓаат и петмина снајперисти.
Припадниците на безбедносните сили вчера неутрализираа 19 терористи.
Припадниците на безбедносните сили без прекин се борат против терористите повикувајќи ги да се предадат. Од друга страна, припадниците на ПКК од своите скривалишта отвораат оган врз војниците и полицајците.
Во акцијата досега е запленет поголем арсенал на огнено оружје, како и експлозивни направи и муниција. Покрај тоа, запленети се и одредени документи на припадниците на терористичката организација.
Меѓу убиените терористи се наоѓаат и оние кои со себе носеле упатства за изработка на експлозивна направа. Покрај тоа, пронајдени се и документи за тоа како терористите ги обучувале новите членови за ракување со снајпер, со цел подоцна да бидат подложени на различни тестови со кои ќе покажат во колкава мера терористите се подготвени да бидат снајперисти.