Ekipa
23 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во рамките на Светскиот хуманитарен самит, кој се одржува во Истанбул, средба остварија Емине Ердоган, сопругата на претседателот на Турција и Маја Иванова, сопругата на Претседателот на Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Македонскиот претседател на Светскиот хуманитарен самит во Турција пристигна со својата сопруга, Маја Иванова.
За време на самитот средба остварија Емине Ердоган, сопруга на Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
По свечениот говор на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на отворњето на 1-от Светски хуманитарен самит, меѓу претседателите и премиери на држави кои земаа свое учество на самитот, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, имаше свое обраќање.
Во обраќањето претседателот Иванов ја поздрави иницијативата на Обединетите Нации за свикување на Светскиот хуманитарен самит и одлуката Турција да биде домаќин на истиот.
Во рамките на учеството на македонскиот претседател на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул, тој оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со други учесници на овој самит.