Nazlı Yüzbaşıoğlu
19 Јануари 2020•Ажурирај: 19 Јануари 2020
БЕРЛИН/АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Двајцата министри се состанаа во германскиот главен град Берлин, во рамки на Конференцијата за Либија која ќе се одржи денеска во овој град.
„Со министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо, разговаравме за подготовките за Самитот во Берлин во врска со Либија, и за нашата соработка на Медитеранот“, напиша Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер.