Ivana Ramadanova
29 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими ја посети Државната комисија за спречување корупција и оствари средба со претседателот на Комисијата Горан Миленков и неговиот тим, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Вицепремиерот Бесими, оваа посета е само продолжување на институционалните посети од страна на Секретаријатот за европски прашања по однос на итните реформски приоритети.
"На средбата ќе разговараме за ингеренциите и препораките што произлегуваат во оваа област која е една од темите која влегува во рамките на извештајот на Европската Комисија. Целта на ваквите средби е ние при крај на годината да имаме еден пресек на досегашните активности во однос на сите реформски приоритети кои се очекуваат од Македoнија", изјави Бесими.
"Државната комисија за спречување на корупција во целост ги има изполенто сите мерки што и беа укажани од страна на секретаријаотот за европски прашања", истакна Миленков.