Admir Fazlagikj
16 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, на 16 декември 2015 година, среда на покана на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе престојува во работна посета на Брисел, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Иванов заедно со претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, ќе остварат средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на којашто ќе се разговара за актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза, како и за интеграцијата на Република Македонија и регионот во Европската унија.
Во делегацијата предводена од претседателот Иванов е и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот Иванов.