Sarp Özer
01 Април 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Претседателот на САД Барак Обама и претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во рамките на Самитот за нуклеарна безбедност помеѓу останатото, разговараа за борбата против тероризмот, мигрантската криза и безбедноста во регионот и односите помеѓу Турција и САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и Обама се состанаа во Белата куќа, а разговорот траеше помалку од саат време, наведено е во соопштението од Кабинетот на претседателот на Република Турција.
Обама во свое име и името на американскиот народ му изрази сочуство на Ердоган поради жрвтвите во последните терористички напади во Турција и пружи поддршка на турската безбедност и заедничката борба на двете земји против тероризмот.
Двајцата претседатели разговарале и за зајакнувањето на заедничките напори во елиминирање на терористичката група ДАЕШ.