?????
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
РИМ (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рухани ја продолжи својата посета на Италија, во чии рамки во Ватикан се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква папата Францис, од кого го побара „да се помоли за него”, јавува Anadolu Agency (АА).
Рухани престојува во Италија, како дел од четиридневната турнеја низ Европа, по укинувањето на санкциите кон Техеран, а ова е прва официјална посета на иранскиот претседател на Италија од 1999 година.
Состанокот со првиот човек на Ватикан, кој траеше нешто повеќе од половина час, за иранскиот претседател претставуваше она што тој го нарекува „вистинско задоволство”, а за време на состанокот од папата Францис побарал да се"помоли за него".
Како што беше најавено од страна на Ватикан, папата Францис му се заблагодарил на Рухани за посетата и изразил верба и надеж за мир.
Иранскиот претседател Рухани пред состанокот со папата Франсис присуствуваше на бизнис форум во Рим каде ги повика италијанските инвеститори и компании да инвестираат на пазарот во Иран.
Рухани рече дека светот мора да посвети поголемо внимание на економскиот развој и вработувања за луѓето, ако сака да го победи радикализамот, насилството и тероризмот.
Шефовите на иранската и италијанската дипломатија Џавад Зариф и Паоло Џентилони, утринава имаа средба во Рим, на која се разговараше за интензивирање на билатералната соработка во различни области.
Тие, исто така, разговараа за ситуацијата во Сирија, Либија и други кризни региони.