Elvir Hociç
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
ВАТИКАН (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, во историјата ќе биде запишан како првиот папа во историјата кој глуми во еден игран филм, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата ќе се глуми себеси во филмот „Beyond the Sun“, кој ќе го снима продукциската куќа „AMBI Pictures”.
Филмот е семејна авантура раскажана во неколку приказни и заснована на Евангелијата.
Идејата за снимање на споменатиот филм дојде откако папата Фрањо ги повика снимателите да снимат филм преку кој децата ќе бидат приближени до Божјите пораки. Сценариото на филмот е дело на Грациелa Родригез, а првата клапа ќе се одржи во првата половина на оваа година во Италија.
Сета заработка од филмот ќе им биде донирана на две хуманитарни организации кои се грижат децата и младите.
„Со зборови не може да се опише возбуденоста и благодарноста која ја чувствуваме поради учеството на папата Фрањо во овој проект. Ова не е само филм, туку и порака, а папата најдобро може да помогне во упатувањето важни општествени и верски пораки”, рече копродуцентот на филмот Андреа Јерволино.
Папата Фрањо важи за голем љубител на кинематографијата.