Kemal Zorlak
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Шведскиот репрезентативец и фудбалер на францускиот Париз Сен Жермен (ПСЖ), Златан Ибрахимовиќ изјави дека може да се направи филм наречен "Ибракадабра" во десет делови, по моделот на легендарното Холивудско остварување на "Рамбо", јавува Anadolu Agency (АА).
Ибрахимовиќ, кој има корени од Босна и Херцеговина, освен што е успешен фудбалер, е личност која со неговите изјави и постапки го привлекува вниманието на светската јавност, а не постои сомнеж дека тоа ќе го стори и овој пат.
"Многу луѓе прават филмови за мене, за мојот живот, и врз основа на тоа заработуваат пари. Со оглед на тоа што сум предмет на филмот, мислам дека би требал да имам контрола", изјави Ибрахимовиќ, за шведскиот весник "Dagner industi", во негов стил нагласувајќи:
"Во тек се неки разговори. Можеме да направиме многу филмови за мене. Тоа може да биде во форма на серијалот Рамбо од 1 до 5. Би можеле да направите филм Ибракадабра од 1 до 10".