?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
СТОКХОЛМ (АА) - Капитенот на фудбалската репрезентација на Шведска и напаѓачот на Париз Сен Жермен (ПСЖ), Златан Ибрахимовиќ длабоко погоден поради терористичкиот напад во Париз изјави дека во натпреварот за квалификација на ЕУРО не можел да се концентрира на играта, јавува Anadolu Agency (АА).
Шведска во синоќешниот натпревар со 2:1 ја совлада Данска во првиот натпревар за квалификации на Европското првенство следната година во Франција. Најголемата ѕвезда на теренот, харизматичниот Ибрахимовиќ по натпреварот за АА изјави дека речиси било невозможно да се размислува само на играта поради неодамнешната трагедија што се одржа во Париз, градот каде што тој живее и игра за ПСЖ.
"Тоа беше тежок натпревар и стекнавме предност. Сепак, сите ние сме длабоко погодени од трагедијата во Париз. Длабоко во срцето сочувствувам со болката на семејствата на жртвите. Овој напад не потресе сите, неможевме да се сконцентрираме на натпреварот", изјави Златан Ибрахимовиќ по синоќешниот натпревар помеѓу репрезентациите на Шведска и Данска.
Данскиот дефанзивец Симон Кјаер по натпреварот изјави дека ништо не е решено и дека Данска ќе се обиде својата среќа да ја пронајде во реваншот.