?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
ИСТАНБУЛ (AA) - Во Истанбул заврши една од најважните спортски манифестации во Турција, 37. Истанбулскот маратон, јавува Anadolu Agency (AA).
Тркачите ја претрчаа делницата од 42 километри, односно од мостот Босфор до плоштадот Султан Ахмед. На трките од 15 и 10 километри учествуваа речиси 30.000 натпреварувачи од 120 земји низ целиот свет.
Победникот на маратонот во категоријата на мажи беше Елијас Кембои Келимо од Кенија, второпласиран беше Еванс Киплагат а Силах Лимо го заврши aнатпреварот освојуvајќи го третото место.
Во категоријата “жени” најдобро рангирана беше Амане Гобена од Етиопија, второпласирана Зерфие Лименех Тадесе, додека трката на трето место ја заврши Мерјем Ердоган.
И минатата година Гобена беше прва во оваа трка.
На маратонот исто така истрчаа и 60 професионални спортисти од Белорусија, Еритреја, Етиопија, Јужна Африка, Кенија, Русија и Украина.
Овогодинешниот Истанбулски маратон се одржa под мотото "Стоп за насилството врз жените".
Најдобрите маратонци го делат наградниот фонд од 216,000 долари.