Amina Zorniç
17 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
ХОНГ КОНГ (АА) - Во Хонг Конг денеска е организиран најголемиот спортски настан во регионот, 20-от по ред маратон на кој се собраа стотици најдобри спортисти од светот, јавува Anadolu Agency (АА).
Домаќин на настанот беше Аматерската атлетска федерација на Хонг Конг, а титулите за најдобри спортисти ги земаа спортистите од Западна Африка. Двајца спортисти од Кенија и еден од Етиопија во машка конкуренција ги освоија првите три места, додека во женска конкуренција, исто така, ги освои Етиопија.
Покрај дербито на професионални тркачи, учество во трката земаа илјадници граѓани и покрај студеното и дождливо време.
Првиот маратон се одржа во Хонг Конг во 1997 година, кога со трката од Хонг Конг до кинескиот град Шенжен е симболизирано враќањето на суверенитетот на Хонг Конг.