Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Според овогодинешната листа на најскапи градови во светот, којашто ја објави Би-Би-Си а ја подготви консултантската фирма Мерсер, најскап град во светот за странци е Хонг Конг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањето, главниот град на Ангола, Луанда, која со години беше на врвот на листата, падна на второто место, а нејзиното место го зазеде Хонг Конг.
На листата третото место е резервирано за Цирих, додека четврт е Сингапур. Токио се наоѓа на петтото место, а потоа следат, Киншаса, Шангај, Женева, Нџамена и Пекинг.
Консултантската фирма Мерсер листата ја подготвува врз основа на примањата на странците во 209 градви во светот и вршат проценка на трошоците за живот.
Во Хонг Конг, најскапиот град за странци во светот, изнајмување на трособен стан изнесува 12.077 долари, цената на фармерките е 128, цената на филџан кафе е 7,8, додека хамбургер мени чини 4,8 долари.