Ekip
07 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
ЛОНДОН (AA) – Хонг Конг и оваа година ќе го задржи статусот на град кој има најголем број меѓународни посети во светот, и покрај напнатите односи со Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот кој денеска го објави компанијата за истражување на пазарот „Euromonitor International" вели дека Хонг Конг, според проценките оваа година ќе има 25,7 милиони странски посетители, што е пад од 3,2 отсто во однос на минатата година.
Бангкок, главниот град на Тајланд, го задржа второто место со 21,3 милиони посетители и со пораст од дури 9,5 отсто во однос на 2016 година. Лондон е најдобро пласиран европски град на трето место со 19,8 милиони посетители. Но, проценките говорат дека британската престолнина во наредните седум години ќе биде соборена од третата позиција поради се поголемата популарност на азиските градови.