Hajer M'tırı
07 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
ПАРИЗ (AA) - Европската комисија го прогласи Париз за главен европски град на иновации (iCapital 2017) и му додели парична награда од милион евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Европската комисија се наведува дека Париз е пример за добра стратегија на иновации и инкузија во општеството.
Наведено е дека Париз издвојува пет отсто средства од буџетот за проекти кои ги предлагаат и реализираат граѓаните.
Францускиот главен град во изминатите десет години го изградил најголемиот кампус за старт ап бизнис.
Градоначалничката на Париз Ан Хидалго прими престижна награда во Лисабон и најави отворање на училиште за иновации.
Во конкуренција за iCapital2017 беа номинирани уште и Талин и Тел Авив, а како кандидати добија парични награди во износ по 100.000 евра.
Паричните награди се наменети за поттикнување и развој на иновации во тие градови.