Ramazan Turgut
08 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
РИЈАД (AA) - Монетарната агенција на Саудиска Арабија (САМА) соопшти дека по налог на обвинителството се замрзнати сметките на лицата кои се приведени под обвинение за корупција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведува официјалната саудиска новинска агенција СПА (SPA) САМА ги замрзна приватните банковни сметки на лицата кои претходно се приведени поради обвиненија за корупција.
Потсетуваме, саудиската полиција цо антикорупциска операција во сабота уапси 11 принцеви, четири актуелни министри и повеќе поранешни членови на владата.
Во соопштението САМА наведува дека се замрзнати само „приватни сметки", исклучувајќи сметки на компании во кои приведените лица имаат акции.
Се додава дека на банките им е испратен налог, после што се замрзнати сметки на спомнатите лица.
Локалните медиуми претходно јавија дека меѓу уапсените е и милијардерот принц Алвалед бин Талал и министер за национална градба принцот Митаб бин Абдулах.
Само неколку часа пред почетокот на бранот на апсењата, со декрет на кралот Салман оформен е Комитет за борба против корупцијата на чие чело е наследникот на престолот Мохамед бин Салман.
Комитетот има ингеренции да води истраги, да апси, да издава мерки за забрана, да блокира имот на осомничените за корупција.
Комитетот најави дека ќе ја обвнови истрагата во врска со поплавите во кои 2009 година во Џеда загинаа најмалку 100 лица, потоа истрага за епидемија на вирус на корона од 2012 година.