Ramazan Turgut
05 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
РИЈАД (АА) - Со декрет на саудискиот крал Селман бин Абдулазиз сменет е министерот за економија и планирање на таа земја, Адил бин Мухамед Факих, а на негово место е наречен Мухамед бин Мезид ет-Тувејџири, јавува Anadolu Agency (AA).
Сменет е и принцот Метеб бин Абдула бин Абдулазиз, првиот човек на Националната гарда, а на негово место е именуван Емир Калд бин Абдулазиз Ал Мукрин. Покрај тоа, местото на досегашниот командант на саудиската морнарица, Абдула бин Султан бин Мухаммед, го зазеде адмиралот Фахд бин Абдула ел-Гафили.
По ревизијата во саудискиот кабинет, формирана е и Комисија за борба против корупцијата, предводена од принцот Мухамед бин Селман.
Како што објавија медиумите во Саудиска Арабија, по формирањето на споменатата комисија уследи бранот апсења. Истите извори наведуваат дека меѓу уапсените се и поранешни високи државни службеници.