Zehra Ulucak
05 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
ФУСА (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пристигна во Јапонија, првата земја во рамките на неговата турнеја низ Азија, јавува Anadolu Agency (AA.)
Трамп, кој пристигна во Јокота, американска воена база во областа Фуса во западнот дел на Токио, во изјава за медиумите упати благодарност до Јапонија поради гостопримството, и поради прекрасното пријателство меѓу двете земји кое трае веќе десетици години.
„Јапонија е вреден партнер, и многу значаен сојузник на САД. Војниците на САД заедно со нашите сојузници се подготвени да ја заштитат нашата нација користејќи го нашиот уникатен полн капацитет. Никој, ниту еден диктатор, ниту еден режим и ниту една земја не треба да ја омаловажува одлучноста на САД“, рече Трамп.
Американскиот претседател нагласи дека алијансата САД-Јапонија е доказ на трансформативната моќ на слободата.

По неговиот говор, Трамп со хеликоптер отпатува во голф-клубот Касумигасеки, на 32 километри од Токио, на ручек и партија голф со премиерот на Јапонија, Шинзо Абе и со јапонскиот играч на голф, Хидеки Матсујама.
Трамп денес ја започна неговата азиска турнеја во која е вклучена посета на Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините. Претходно беше соопштено дека тој, во рамките на посетите, ќе учествува на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) и самитот на Асоцијацијата на држави од Jугоисточна Азија (ASEAN).