Amina Zorniç
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMСЦ) регистрираше земјотрес во Јапонија со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, јавува Anadolu Agency (АА).
Земјотрес го потресе јапонскиот остров Кјушу, а епицентарот на земјотресот е регистриран на оддалеченост од околу 91 километар од Фукуока.
Според EMСЦ, тој е еден од посилните земјотреси по големите потреси со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, што го погоди јапонскиот остров Кјушу на 14-ти април, и земјотресот со јачина од 7,4 степени кој следеше два дена подоцна. Според последните податоци, во овие земјотреси загинаа 42 лица, а по исчезнатите сè уште се трага.