Furkan Naci Top
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
ЛЕЗБОС (АА) – Духовниот лидер на католичкиот свет, папата Францис во својата посета на островото Лезбос која се одржа викендот, симболично се реши да згрижи 12 бегалци, сакајќи да го привлече вниманието врз бегалската криза и илјадниците бегалци на кои им е потребна помош и кои во Грција го очекуваат реализирањето на својот сон за сместување во една од развиените европски држави.
Во еден хотел на остовот Лезбос, во Грција, католичката организација Каритас, резервираше хотел во кој згрижува околу 200 бегалци, стари, болни и хендикепирани лица, од кои повеќе од половина се деца и се само мал дел од бегалците кои во Грција го продолжуваат исчекувањето за добивање азил.
Во изјавата на претставничката на организацијата за Грција, Маристела Чаматрапулу, за АА истакна дека сместените бегалци во хотелот се деца, старци или болни лица на кои им е потребна нега и помош.
Чаматрапулу истакна дека е задоволна што можат да им пружат помош и заштита макар и на мала група бегалци, од 4.000 бегалци кои се лоцирани на островот Лезбос, додавајќи „Сите минале тешки денови. Тука се на сигурно. Барем децата се смеат повторно. Меѓутоа сите се загрижени за својата иднина.”
Чаматрапулу истакна дека според договорот меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), бегалците како претходно, не ќе можат да го продолжат својот пат кон Европа и додаде дека „нашата поддршка од месец ноември продолжува. До скоро останувајќи тука само неколку дена, го продолжуваа својот пат. Но веќе сите тука чекаат. Им велиме дека до следната можност, можат да останат тука. Има многумина кои тука престојуваат од затварањето на границите.”
Поголем дел од бегалците се од Сирија и 90% од нив сè уште имаат потреба од згрижување и заштита и за таа цел тие им помагаат при аплицирање во програмите на земјите од ЕУ, за сместување и обединување на семеjството давајќи им правни совети, нагласи Чаматрапулу.
- Зошто и останатите земји од Европа да не го сторат истото -
Папата земајќи под своја заштита три семејства од ранливи категории на кои им е потребна помош, даде личен пример, истакна Чаматрапулу и додаде:
„Зад нас останаа многу бегалци на кои им е потребна помош и згрижување. Угостивме трудница која за неколку дена треба да се породи со близнаци. Поддршка ѝ дава сопругот кој е покрај неа, но не знаат каква иднина ќе им овозможат на новороденчињата. Затоа се загрижени. Со нас тука се и неколку хендикепирани девојчиња. Девојката рече дека доколку не би постоел хотелот во кој е згрижена, не знае како би се снашла во кампот во кој нема погодни услови за лица со посебни потреби. Исто така, имаме и возрасно лице болно од рак на бубрези во напредна фаза. Тука е под надзор на доктор”.
Чаматрапулу го бранеше ставот дека враќањето на бегалците според постигнатиот договор не е вистинско решение.
„Грција која и покрај тоа што осум години е во финанскиска криза, ги згрижува бегалците. Зошто и останатите земји од Европа да не го сторат истото? Овие луѓе трошејќи големи пари и ризикувајќи сè се тука. Бегајќи од убиства и судири избегаа тука. Сега на островот ги чуваат во кампот Мориа во лоши и нехигиенски услови за живот.”
- "Кога ќе го добиеме решението само Господ знае" -
Сириецот Ахмет Ибрахим кој престојува во хотелот, изјави дека на пат тргнал по едномесечен престој во Турција, пред 45 дена пристегнал на островот.
Со сестра му Лејла и две деца, заедно со 50-тина бегалци со чамец пристигнале на островот и откако едно од децата имало температура, ги префрлиле во хотелот на Каритас.
„Пари за хотел или некое друго место немаме. Границите се затворија и остнавме заглавени тука. Повторно поднесовме барање за азил. Загрижен сум за иднината на децата. Само Господ знае кога ќе го добиеме решението”, изјави Ибрахим.
Според официјални извори по донесената одлука, на Лезбос и околното крајбрежје на Турција има околу 7.000 бегалци.
По одлуката за затворање на македонската границата пред два месеца, во Грција останаа заглавени околу 53.000 бегалци. Од ноември минатата година до денес по легален пат од Грција во европските земји со помош на новите програми за азил, трансфер добија само околу 1.000 бегалци.
Папата во петокот, при посетата на грчкиот остров Лезбос, давајќи личен пример, со себе во Ватикан поведе 12 бегалци муслимани.
Според договорот од 18-ти март, кој Турција го потпиша со ЕУ, кој започна да се спроведува од 4-ти април, бегалците кои од 20-ти март преминале на грчките острови, Турција ги прифаќа назад и ги заведува во приемните центри.