Büşra Selvi Öğütcen
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
КИТО (АА) - Во јужноамериканската држава Еквадор, во саботата се случи земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала, во кој животот, според најновите податоци, го загубија 350 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Координаторот за национална и надворешно-политичка безбедност, Сезар Навас, за еден локален телевиски канал изјави дека во земјотресот загинале 350 лица.
Тој истакна дека продолжува потрагата по евентуални преживеани од под урнатините.
- Луѓето втора ноќ се на улица -
По страотниот земјотрес, имало преку 230 помали потреси, поради кои луѓето веќе два дена престојуваат на улица.
Манта, Портовехо и Гвајакил се градови кои се најмногу погодени од земјотресот. Во овие места не е можна достава на вода и електрична енергија.
Земјотресот предизвика голема штета на крајбрежјето од Тихиот Океан.
Од земјотресот беа погодени и околните држави Перу и Колумбија во кои се срушија повеќе згради.