Umur Koçak Semiz
19 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
КАБУЛ (АА) - Припадник на радикалното талибанско движење утрово изврши бомбашки самоубиствен напад во центарот на авганистанскиот главен град Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Садик Сидики, соопшти дека бомбашот самоубиец активирал експлозив во автомобилот во непосредна близина на седиштето на министерството за одбрана и Разузнавачката агенција на Авганистан.
Сидики изјави дека во нападот се ранети голем број на луѓе, но засега не може да зборува за прецизна бројка.
Локалните медиуми јавуваат дека во експлозијата се ранети најмалку 40 лица.
Авганистанскиот претседател, Ашраф Гани, најостро го осуди нападот.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Минатата недела талибанското движење најави дека ќе покрене бран од „пролетни напади”.