Mohamed Sabry Emam Muhammed
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
РИЈАД (АА) - Саудискиот крал Селман бин Абделазиз го прими шефот на турската дипломатија Мевлут Чавусоглу, кој се наоѓа во официјална посета на Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата на кралот Селман и турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу беше организирана во кралската палата во Ријад а разговорите се водени без присуство на медиумите.
Саудиската новинска на агенција СПА објави дека Селман и Чавушоглу разговарале за интензивирање на билатералната соработка и разменија мислења за актуелните регионални и глобални прашања.
Посетата на турскиот министер за надворешни работи на Саудиска Арабија се случи само неколку дена откако саудискиот крал присуствуваше во неколкудневна посета на Турција, каде што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му го врачи највисокото државно одликување на земјата.
По тој повод во Анкара официјалните претставници на Анкара и Ријад потпишаа Меморандум за разбирање со цел формирање на Совет за стратешка билатерална соработка помеѓу Турција и Саудиска Арабија.