Ayhan Şimşek
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ХАНОВЕР (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел го прими американскиот претседател Барак Обама, кој допатува во дводневна официјална посета на Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларката Меркел со највисоки државни почести го пречека претседателот Обама, во историската палата на Херенхаусен во Хановер, а по церемонијата на приемот Меркел и Обама одржаа билатерална средба.
Во хановерската палата се веат знамињата на САД, Германија и Европската унија, а доаѓањето на Обама беше прослдено со максимални мерки за безбедност. Полицијата го блокираше целиот центар на градот, а специјалните единици го обезбедуваат градот и од хеликоптер.
Обама во текот на неговата петта посета на Германија воглавно ќе води разговори поврзани со економијата, со посебен акцент на Договорот за трансатланска трговија и партнерство која беше предмет на масовни протести во последните неколку дена во Германија и остатокот од Европската унија.
Меркел и Обама вечерва официјално ќе го отворат индустрискиот саем во Хановер, и во таа пригода ќе се сретнат со бизнисмените од двете земји.
Утре во Хановер ќе се одржи и мини Самит на кој за актуелните теми ќе зборуваат Меркел, Обама, францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерите на Италија и Велика Британија, Матео Ренци и Дејвид Камерон.