свет

Властите на Хонгконг најавија формирање платформа за дијалог со демонстрантите

Од друга страна, организаторите на протестите тврдат дека најавеното основање на платформата не ги исполнува барањата на демонстрантите и порачаа дека не им веруваат на властите

Fuat Kabakcı  | 20.08.2019 - Обновена : 21.08.2019
Властите на Хонгконг најавија формирање платформа за дијалог со демонстрантите

ХОНГКОНГ (AA) – Под притисок на тримесечните масовни протести поради нацрт-законот за испорачување на обвинетите во Кина, шефицата на извршната власт во Хонгконг, Кери Лам, најави формирање платформа за дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).

Лам во денешното обраќање на новинарите им рече дека сака да ги сослуша народот и демонстрантите и дека во тој контекст ќе биде формирана платформа за дијалог.

„Искрена ми е желбата да воспоставиме искрен дијалог и да ги сослушам претставниците на различни сектори и делови на општеството“, рече Лам.

Таа, исто така, изрази надеж дека протестите во иднина ќе бидат мирни и достоинствени и дека нема да се повторуваат неодамнешните нереди на улиците.

Од друга страна, организаторите на протестите тврдат дека најавеното основање на платформата не ги исполнува барањата на демонстрантите и порачаа дека не им веруваат на властите.

Најмасовните протести во Хонгконг се одржаа изминатиот викенд. Организаторите тврдат дека на протестите учествувале 1,7 милиони демонстранти, додека од полицијата тврдат дека се работи за 130.000 луѓе.

Хонгконг е автономен регион кој Велика Британија во 1997 година го препуштила на Кина. Во согласност со постоечкиот договор, Хонгконг има статус на автономија во внатрешната политика, а Кина ја води надворешната и одбранбената политика. Таквиот статус е предвиден до 2047 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.