Ekip
09 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
ЈАНГОН
Мјанмарската полиција денес истрелуваше гумени куршуми за време на демонстрациите во главниот град Нај Пји Тав и Мандалај, додека илјадници луѓе пркосеа на забраната на протестите, наведоа сведоците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Против демонстрантите, кои се собраа протестирајќи поради воениот удар од минатата недела, користени се и водени топови и солзавец.
Демонстрантите во Мјанмар денес четврти ден по ред излегоа на улиците и покрај новите ограничувања. Државниот управен совет, на чие чело е воениот шеф Мин Аунг Хлаинг, по државниот удар минатата недела воведе полициски час во текот на целата ноќ од 20 часот и забрана за јавен собир на повеќе од пет лица.
Мјанмарската војска, позната како Тамтадау, прогласи вонредна состојба претходно овој месец, неколку часа по лишењето од слобода на претседателот на државата Вин Мјинта, министерката за надворешни работи Аунг Сан Су Чу и други водечки членови на владејачката Национална лига за демократија.
Демонстрантите бараат враќање на демократијата и пуштање на притворените политички лидери.
Сведоците и медиумите наведуваат дека неколку лица се повредени додека полицијата користела водени топови и гумени куршуми.
Мин Ту, која ги виде полициските акции во близина на преминот Thabyay Gone, наведе дека се повредени десет лица, а Радио Слободна Азија објави дека во болница се однесени најмалку петмина демонстранти, вклучувајќи и жена постара околу 20 години.
„Девојката е застрелана во гради и веднаш е префрлена во болница“, изјави еден од демонстрантите.
Снимката на која полицијата, одговарајќи на камењата кои ги фрлаа демонстрантите, пука во жена, стана вирална на социјалните мрежи.
Во Мандалај демонстрантите против државниот удар се соочија со слична акција, а полицијата приведе многумина.
Новинарот со седиште во другиот град по величина во земјата за АА изјави дека демонстрантите се собрале пред зградата на Владата, бараат пуштање на приведените и се обиделе да се разидат.