Alaattin Doğru
09 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
ПАРИЗ
Калуѓерката Лусил Рандон која има 116 години и го носи епитетот „најстаро лице во Европа“, успеа во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на интернет-страницата „20 Minutes“, Рандон на 16 јануари била позитивна на Ковид-19.
Откако биле отпуштена од болница, се вратила во домот за стари лица каде што живее.
Таа на 11 февруари ќе наполни 117 години.
Од друга страна, Управата на домот за стари лица каде што живее врши подготовки за да организира роденденска прослава за Рандон, на која ќе присуствува нејзиното семејство, како и градоначалникот на Тулон, Убер Фалко.