Admir Fazlagic
09 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 476 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што е вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата е зголемена на 95.347, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во изминатото деноноќие 9 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.955.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 407 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 85.846.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 6.546.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.863 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 474.280 тестирање.