Nuray Tunçay
24 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
ЛОНДОН / МОСКВА / ИСТАБУЛ (АА) - На лондонската берза индексот FTSE 100 на Велика Британија, по добиените резултати од референдумот, денот го започна со пад од 9,04 отсто во однос на вчерашната вредност, јавува Anadolu Agency (AA).
По објавените резултати од референдумот за излезот на Велика Британија од ЕУ, индексот FTSE 100 на лондонската берза доживеа драстичен пад.
Според локално време, во 08:17 часот индексот дожива пад од 9,04 отсто и денот го започна со вредност од 5.717,50. Вредноста на англиската фунта има пад од 8,69 отсто во однос на американскиот долар, што е најголемиот пад во последните 31 година.
Резултатите од референдумот имаа големо влијание и на паритетот меѓу фунтата и доларот, каде фунтата загуби повеќе од 10 отстои од 1985 до денеска падна на ниво од 1,3230. Цената на сировата брендирана нафта се искачи за 5 отсто, додека унцата злато порасна за 7 отсто и изнесува 1.450 долари.
На отворањето на берзата Stoxx Europe 600 падна за 3,72 отсто, Германскиот индекс на DAX 30 падна за 10.02 отсто. Италијанскиот MIB 30 доживеа пад од 4,17, шпанскиот IBEX 35 падна за 8,03, додека францускиот индекс дожива пад пад од 7,06 отсто.
- Голем пад на берзите во Азија
Има голем пад и на берзите во Азија по референдумот во Велика Британија и решението за излез од ЕУ.
Јапонскиот индекс Nikkei 225 падна за 7,92 отсто и претставува најголем пад од 2011 година до денес. Во Кина Шангајскиот индекс имаше пад од 0,80 отсто. Индексот на Јужна Кореа, Kospi падна за 3,09 отсто.
Индискиот Sensex индекс имаше пад од 3,70 отсто, индексот Hang Seng на Хонк Конг падна за 4,24 отсто.
Сериозен пад на паритетот меѓу рубљата и доларот и на руската берза предизвика резултатот од референдумот во Велика Британија.