Aybala Arpacı
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
КАН (АА) - Со максимални мерки на безбедност, денес започна 69-от Филмски фестивал во францускиот град Кан, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот го отвoри филмот на Вуди Ален „Кафе Општество”, а по црвениот тепих прошетаа познати личности од светот на филмот.
Филмскиот фестивал во Кан се одржува до 22-ри мај, а на чело на осумчленото стручно жири на овогодинешното издание е Џорџ Милер, режисерот на филмскиот серијал „Лудиот Макс”.
Членови на жирито се унгарскиот режисер Ласло Немес, францускиот режисер Арнолд Десплеин, режисерката од Италија, Валерија Голина, американската актерка Кирстен Данст, данскиот актер Мадс Милелсен, актер од Канада, Доналд Шутерланд, француската актерка Ванеса Парадис и иранската продуцентка Катајун Шахаби.
Во трката за главната награда „Златна палма” оваа година се натпреваруваат вкупно 17 филмови, меѓу кои се и филмските остварувања чија режија е потпишана од Педро Алмодовар, Кен Лоах, Шон Пен, Хавиер Долан, Пол Верховен и браќата Дарден. Надвор од натпреварувачката конкуренција ќе бидат прикажани и филмовите „The BFG“ од Стивен Спилберг и „Money Monster“ режиран од Џоди Фостер.
Вчера во Кан допатува и францускиот министер на внатрешни работи, Бернар Казнев, кој по состанокот со локалните службеници изјави дека за време на фестивалските денови во Кан на сила ќе бидат вонредните мерки за безбедност.
За време на фестивалот во Кан бројот на гости во градот ќе се зголеми троструко, а се проценува дека ќе изнесува околу 200.000.