Yakup Çabuk
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Во рамките на 11-от Фестивал на лалето, организиран од страна големата истанбулска општина (İBB), на плоштадот пред Султанахмет за посетителите е отворен простор на кој може да се види „килимот од лалиња“ со површина од 1.728 метри квадратни, формиран од 563 илјади свежи лалиња, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето говореше заменикот-претседател на Советот на големата истанбулска општина (İBB), Ахмет Билал Кијмаз, кој рече дека во 2005 година започнале со кампањата „Лалето се враќа дома“ со која се сака враќање на „мигрираното” лале и негово поставување на секое ќоше во Истанбул.
Кијмаз истакнувајќи дека враќањето на лалето го промени ликот на Истанбул и отвори нови работни можности, додаде:
„Нашиот народ веќе се навикна со доаѓањето на пролетта на секое ќоше во Истанбул да гледа лалиња. Тие станаа предвесник на пролетта. Покрај оваа убавина, во Турција е основана индустрија за лалиња. Како последица на ова, Турција влезе меѓу земјите извозници на лалиња.“
По говорот Кијмаз, заедно со членовите на протоколот пристапи кон свеченото отворање на најголемиот килим од свежи лалиња во светот.
Килимот од свежи лалиња на плоштадот пред Султанахмет за посетителите ќе биде отворен до 30-ти април.
Инаку, се претпоставува дека лалето од Анадолија, Турција, во периодот од 1555 - 1562 година е пренесено во Европа од страна на амбасадорот на Унгарија, Огир Гиселин де Бусбек.