Sarp Özer,Nazlı Yüzbaşıoğlu
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
АНКАРА (АА) – Саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ал Сауд допатува во повеќедневна официјална посета на Анкара, а на аеродромот “Есенбог” беше дочекан од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Кралот Селман допатува во Турција на повик на турскиот претседател Ердоган, а по официјалната посета на Анкара, на 14-ти и 15-ти април ќе присуствува на 13-от Самит на Организацијата за исламска соработка (OIC) во Истанбул.
Кралот Селман на аеродромот во Анкара беше дочекан од страна на турскиот претседател Ердоган, а потоа во ист автомобил заминаа од аеродромот. Ердоган му го возврати гестот на дочек кој кралот нему му го приреди за време на посетата во Ријад, на почетокот на март оваа година.
За време на официјалните билатерални состаноци во Анкара ќе стане збор за интензивирањето на билатералните односи на Турција и Саудиска Арабија, како и за други регионални и глобални теми.