Ali Rıza Akkır
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
МУГЛА (АА) – На шампионатот во мотокрос на Турција, кој се одржа во областа Фетије, во Мугла, натпреварувачот Горкем Јапџаџик, во првото коло од натпреварите во категоријата МХ, на натпреварувачката писта ѝ предложи брак на својата девојка, јавува Anadolu Agency (AA).
По дадениот старт, 26-годишниот спортист заедно со останатите натпреварувачи застана пред публиката. Откако слезе од моторот, клекна и ја повика својата девојка која беше меѓу публиката, велејќи: „Дали прифаќаш да го поминеш животот со мене по овие каменести и земјени патеки? Дали би се омажила за мене?“
По кажаното „да“, од страна на Феза Демир (24) преку микрофон, публиката и персоналот на пистата ја поздрави двојката со аплауз.
По предлогот за брак се продолжи со натпреварувањето.
Феза Демир на новинарите им изјави дека не очекувала ваков предлог за брак и дека тоа било големо изненадување и за неа.
Демир многу посакувала ваков предлог и по исполнувањето на нејзините желби изјави: „Доаѓам на секој натпревар и никаде не се случи ова. Но се случи денес на натпреварувањето во Фетије. Предлогот за брак во една ваква атмосфера за мене беше многу големо возбудување. За нас моторот и мотокросот се многу значајни.“
Феза Демир истакна дека е многу среќна бидејќи доби предлог за брак кој никогаш нема да го заборави.