Niğmet Koşarhan
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ВАН (АА) - Наставата е прекината во едно основно училиште во областа Едремит, во Ван, кое од пожарот кој го зафати училиштето предизвикан од молотовите коктели фрлени од страна на припадниците на терористичката организација ПКК, не може да се користи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, трикатната зграда на училиштето "Кинјас Картал" синоќа било цел на напади со молотови коктели од страна на припадниците на терористичката организација ПКК.
Противпожарните екипи успеале пожарот да го стават под контрола, но некои делови од училиштето не можат да се користат.
Се дознава дека терористите по онеспособувањето на сигурносните камери во училиштето, ги скршиле прозорците од зградата и во внатрешноста фрлале молотови коктели.
- „Ова е пример на дивјаштво, ова е ужасно“ -
Подрачниот директор за образование, Кијасетин Кирекин, поведе истрага за настанот.
Кирекин во изјавата рече дека нападите врз училишта не одат никому во прилог и додаде дека постојано се соочуваат со напади насочени кон образовните иинституции.
„Заштитната ограда била пресечена однадвор, фрлиле запаливи и експлозивни материјали за да го запалат училиштето. Училиштето е доведено во неупотреблива состојба.“ рече Кирекин, и додаде:
„Училиштето за жал е запалено откако сите негови електрични системи за автоматизација и целата системска опрема била онеспособена. Никаде во светот ниту во најтешките воени ситуации, местата за богослужба, образовните институции и здравствените институции не биле ограбувани ниту палени. Оваа ситуација е ужасен пример за дивјаштво. Ги осудувам извршителите на овие настани во името на луѓето од нашиот регион.“
„Училиштето ќе го доведеме во подобра состојба од претходната“, изјави Кирекин.
Во училиштето според првичните пресметки предизвикана е штета од околу 200 илјади лири, истакна Кирекин, изјавувајќи дека очекува во кратот временски период да се изврши реновирање на училиштето и продолжување на наставата.