Diyar Güldoğan
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
АНКАРА (АА) - Денес во Анкара започнува интернационалниот детски театарски фестивал „Мали дамички, мали џентламени”, на кој се очекуваат стотици посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
На фестивалот планирани се 80 театарски изведби кои ќе бидат изведени од театарски групи од Италија, Шпанија, Иран и Хрватска, кои ќе им се придружат на 13 локални детски театарски групи.
Фестивалот на својот петдневен репертоар ќе има куклени претстави, претстави со сенки, мјузикли и балетски претстави чија цел е забава но и едукација на децата, рекоа организаторите.
Турскиот Државен Театар, кој ги надгледува театарските компании во Турција, раководи со фестивалот веќе дванаесета година по ред, кој пак секогаш се одржува во периодот околу Денот на Детето, на 23-ти април.
Според официјалниот вебсајт, името на фестивалот произлегло од говорот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа Турција, насочен кон децата, кој овој ден го посвети на децата.
„Мали дамички, мали џентлмени, вие сте рози, ѕвезди и блескава радост на нашата иднина, вие сте оние кои ќе ја издигнат нацијата”, беше неговиот говор. „Секогаш бидете свесни за вашите вредности и важност! И работете напорно...имаме големи очекувања од вас.”